(Видео-интервју) Зоран Иванов: На Србија во неделата и се случи своевидна граѓанска револуција

by jadranka 14:44
14:44

Тоа што се случи во Србија во неделата во политичка смисла на зборот претставува тектонски земјотрес сличен на скопскиот на времето.  Во секој случај балкански политички и граѓански земјотрес. Кога велам земјотрес не мислам дека ќе има големи дисторзии во регионот или во Европа пошироко. Но, како и да е ќе има промени и во Србија, нормално, но и во околината, ги коментира во видео-разговор за „Фокус“ новинарот и долгогодишен политички коментатор Зоран Иванов, изборите во Србија на кои по 14 години Александар Вучиќ заминува од власта.

„Победниците веќе најавија неколку чекори. Прво лустрација за тие што се замешани во корупција, непотизам, непочитување на закони. Второ, „чешлање“ на сите закони што се донесени, а каде ќе се оцени дека нешто не функционира во рамките на демократијата, на некои вредности, претпоставувам на европски. И, трето, носење на нови закони.  Засега тоа го најавија иако досега не рекоа ништо по прашањето на хоризонталната и вертикалната структура. Што се однесува до протестите што пред медиумите и во некои други градови, колку што ми е познато „Студентската листа“ се огради од нив, дека нивни членови ниту се организатори, ниту се учесници на таквите протести. Деновиве, со фотрографии ќе се покаже дали некој од нивното условно речено, водство, сепак бил таму.  Таквите работи не се добри во секој случај.  Но, од друга страна, во неделата таму се случи еден вид граѓанска револуција. Неочекувана со оглед на разликата во гласови. А, револуцијата по дефиниција во почетокот урива, а не гради. Допрва ќе видиме во револуционерниот период во Србија што ќе се случува“, анализира Иванов.

Во интервјуто, тој се осврнува и на потегот на Вучиќ рано вечерта во неделата да ги признае изборните резултати, за тоа како тие (резултати) имаат импакт во регионот и во Македонија. Но, дава оценка и за претседателските избори во Бугарија, каде во рекордно ниска излезност имаше незивесен прв круг меѓу кандидататката на власта Јотова и кандидатот на опозицијата Ѓуров.

Подготвиле: 

З.Фиданоски – Т.Георгиев – О. Костов

Слични вести