Врховниот лидер на Исламската револуција, Моџтаба Хамнеи, денеска изјави дека Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец и дека е посветен на зачувување на националната и регионалната безбедност, националното единство, како и на зајакнување на односите со соседите.
За време на средбата со секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаеи, тој истакна дека е неопходно да се зајакне националната кохезија и да се негува заемна доверба помеѓу народот и официјалните претставници, пренесе агенцијата „Тасним“.
– Очајот на непријателот е еден од плодовите на националниот отпор – рече Хамнеи.
Тој оцени дека е неопходно навремено информирање на јавноста, со цел да се одржи учеството на народот во одбраната на земјата и на политичкиот систем.
За време на средбата, Резаеи поднесе извештај за состојбата во земјата во различни области, како и за напорите што се вложуваат за решавање на постоечките проблеми.