(Видео-интервју) Неда Чаловска: Без притисокот од јавноста насилството во Охрид кој знае каква разврска ќе имаше

by jadranka 15:51
15:51

Притисокот од јавноста повеќе од очигледно беше пресуден во определувањето на мерката притвор за насилникот од Охрид, затоа што ние најпрво имавме барање за определување мерки за претпазливост од Јавното обвинителство, а потоа, поради некои нови околности , иако не беше објаснето кои се тие нови околности, се отиде со баарање за притвор. Тоа според мене, не треба да стане пракса, туку сосема обратно – пракса треба да биде од самиот почеток да се направи добра проценка на ризики, колку е реална опасноста кон жртвата, но и самиот осомничен да го повтори делото или да го доврши делото и врз основа на тоа да се одлучува која мерка за обезбедување на присуство ќе се побара од судот. А, не по притисок од јавноста институциите да постапуваат.

Вака, во видео-интервју за „Фокус“ адвокатката Неда Чаловска дава првичен опис на се она што се случуваше во Охрид со скандалозното насилство врз Сара Ѓорѓиевска и се она што се случуваше потоа со постапките од надлежните органи против осомничениот Кристијан Корабоски, кој првично беше пуштен од полицијата,а дури потоа по големите реакции од јавноста и, пред се, медиумите, охридското обвинителство ја преиначи мерката што првично ја побара за него. Чаловска дава оценка и  дали и кој треба да понесе одговорност за тоа што досега и се случувало на жртвата во Охрид.

“Вакво нешто, верувајте, го доживуваат голел број на жртви во Македонија, а нема дилеми дека првична одговорност за насилство треба да има сторителот на делото, односно оној што го прави насилството. Меѓутоа секој случај е индивидуален и затоа треба да се види, дали тоа претходно било пријавувано, ако било, што институциите направиле за тоа, а ако не направиле, треба да се поведат соодветни постапки за одговорност на лицата кои не постапувале во ваков случај. Видете, секоја институција има своја одговорност во заштитата и треба да се види каде во тој синџир не е постапувано“, објаснува Чаловска.  И, дополнува дека во вакви случаи на насилства различни институции имаат различни обврски и одговорности, кога одредена жртва пријавува насилство – од Центарот  за социјални работи, МВР и Обвинителството. „Ако една од овие институции затаи – жртвата нема да добие соодветна заштита. Затоа е важно да се види која институција не презела соодветни механизми за заштита и таму да се бара одговорност“, потенцира  Чаловска.

Подготвиле: 

З.Фиданоски – Т.Георгиев

Слични вести