172
Ден по Локалните избори 2025 „Фокус“ регистрира големи сообраќајни гужви во главниот град, нешто што е карактеристично за метрополата веќе долго време.
Метеж имаше попладнево и по автобуските станици, нервозни граѓани коментираат дека долго чекаат автобус.
Скопје има нов градоначалник кој вети дека ќе го реши хаосот во градот, а кој, според него, го создаде сега веќе поранешната градска „мајка“ – Данела Арсовска.
Останува скопјани да чекаат и да се надеваат дека ветеното ќе се овистини.