(ВИДЕО) Голем пожар во Визбегово, гори депонијата

Видео: ТВ21

by irena 10:40
10:40

Црн чад над Скопје, пожар кај депонија во Визбегово, поради силниот ветер – брзо се разгорува.

Пожарот предизвика вознемиреност кај скопјани, густиот чад е видлив на небото.

Од повеќе страни на Скопје граѓаните алармираат за непријатна миризба и загаден воздух, а чадот кој се издига од правецот на Визбегово е забележлив и од голема оддалеченост.

– На терен се испратени четири противпожарни возила, кои заедно со две возила од ЈП „Комунална хигиена“ интервенираат за гаснење на пожарот – информира командантот на ТППЕ на Град Скопје, Звонко Томески.

Според првичните информации, пожарот избувнал утринава во делот кај дивата депонија во близина на Визбегово.

Ветерот дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи огнот брзо се шири, а чадот се насочува кон урбаните делови на Скопје.

Слични вести