Арманд Дуплантис нема конкуренција во скок со стап. Светскиот рекордер го сруши светскиот рекорд по 14-ти пат и го освои светското злато. Сега на висина од 6,30 метри.
ARMAND DUPLANTIS : PREMIER HOMME DE L’HISTOIRE À PASSER LA BARRE DES 6M30. 😳#Tokyo2025 #WCHTokyo25 pic.twitter.com/A6RogMtyeZ
— Le Stade (@le_stade) September 15, 2025
Гркот Емануил Каралис беше единствениот што успеа да скокне шест метри, па освои сребро, додека Куртис Маршал од Австралија освои бронза (5,95).
Дуплантис скокна 6,10, потоа 6,15 и го остави Каралис за да се обиде да го надмине на 6,20 метри. Чуда не се случуваат, Гркот го остави Дуплантис да го нападне новиот светски рекорд.
Летвата беше поставена на ниво на нов светски рекорд од 6,30 метри и сите чекаа Дуплантис да го сруши најдоброто достигнување на планетата по 14-ти пат.
Во првиот обид, тој ја собори летвата со ногата, во вториот летвата се заниша и не остана на место бидејќи ја нишаше со градите.
Остана третиот обид, уште пет минути подготовка и делириум на трибините. Трет пат среќа, летвата остана, беше поставен нов светски рекорд.