Уапсен е битолчанец поради изнуда

by irena 16:20
16:20

МВР информира дека вчера попладне во 17:25 часот во трговски комплекс на ул. „Климент Охридски“ во Битола, во заедничка и координирана акција на Основното јавно обвинителство Битола и на СВР Битола, од слобода е лишен Д.Г.(42) од Битола поради сомнение за извршено кривично дело „изнуда” казниво по член 258 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека во текот на 2024 и на 2025 година во повеќе наврати со закани барал пари од лице од Битола за различни услуги и потреби.

По преземени мерки и активности, тој е затекнат при примање на пари од лицето, по што е лишен од слобода и приведен.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични вести