241
На социјалните мрежи повторно се појави вознемирувачко видео од меѓуврсничко насилство.
Новинарката Лиридона Вејсели доцна синоќа на својот Фејсбук профил објави видео од Куманово, на кое, според описот, три девојки од Куманово нападнаа друга девојка.
На видеото се гледа како девојка опколена од другите девојки седи во аголот додека ја удираат со шлаканици и со клоци.