(ВИДЕО) Девојче е на колена додека други малолетници ја удираат и ја влечат за коса

by irena 13:53
13:53

На социјалните мрежи е прикажува видео на кое има врсничко насилство во скопската населба Аеродром.

Според она што може да се види и чуе на видеото, девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, а останатите присутни го снимаат инцидентот.

На видеото се гледа како девојче е клекнато на колена, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса.

Дел од присутните ги бодрат напаѓачите да продолжат со малтретирањето.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат итна реакција од надлежните институции.

Слични вести