(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа во Русија – меѓу загинатите имало најмалку седум деца

by admin 13:37
13:37

Патнички авион „Антонов Ан-24“, стар повеќе од 50 години, се урна денеска во близина на градот Тинда на рускиот Далечен Исток. Според досегашните информации, нема преживеани во несреќата. Меѓу загинатите имало најмалку седум деца, на возраст од 1 до 14 години.

Летот на „Ангара ерлајнс“ полетал од Хабаровск, со планирано запирање во Благовешченск, и требало да слета во Тинда, недалеку од кинеската граница.

Контактот со леталото бил изгубен околу 13:00 часот по локално време, само неколку километри од аеродромот.

Руските власти велат дека авионот превезувал помеѓу 40 и 43 патници, вклучувајќи деца, како и шест члена на екипажот.

Запалениот труп е пронајден од воздух на околу 16 километри од Тинда, на тешко пристапен планински терен. Хеликоптерите не можеле да слетаат поради лошите временски услови, па спасувачите морале да одат на местото на несреќата пеш. На местото на настанот сè уште гори пожар.

Според информациите на руските служби за итни случаи, авионот не испратил повик за помош, ниту пријавил технички проблеми пред да исчезне од радарот.

Слични вести