Кумановец прегази двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските европски олимписки игри

фото: KumanovoNews

by admin 13:25
13:25

Двајца малолетни велосипедисти од Исланд биле повредени вчера откако во нив удрило возило на патот Куманово – Свети Николе.

– На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка – информираат од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.

Слични вести