(ВИДЕО) „Блокада фест“ пред Титан Усје – протест со жива свирка

Видео: Томислав Георгиев

by irena 17:39
17:39

Пред главниот влез на цементарницата Титан Усје денеска има мирен собир на граѓани кои ги испраќаат своите протестни барања под паролата „Без Усје полесно се дише“.

Блокадата е организирана директно пред фабриката, поради што настанот е симболично насловен како „блокада фест“.

„Ги повикуваме сите граѓани на одговорно однесување. Да покажеме дека знаеме гласно, но културно да ги искажеме нашите барања“, порачаа од иницијативата.

Засега нема информации за промени во сообраќајниот режим во околината на фабриката.

Слични вести