1624

by bogdan 19:51
19:51

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КРАВИЈАДА БЕЗ „МАШКИ“ НАДЗОР
Џабе сме трета економија во светот, кога улогите се сменија, па сега народот го молзат крави и волови. Зарем треба да ни се случи некоја нова трагедијат, за да државата го слушне алармот? Тогаш ќе биде предоцна и лајната нема да може да ги измие ниту трулиот, ниту корумпираниот ни систем!

ПРОФИТОТ НА ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВО
„Систина“ лани направила приход од 65,7 милиони евра, додека пак инкасирала добивка од вкупно 4,6 милиони евра. За разлика од таму, иако и Жан Митрев клиник работи турбо и со вртоглави цени, сепак неговиот профит лани изнесувал околу 22,1 милиони евра.

ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА
Додека трае битката против „Барутана“, засилено се бетонизира кај „Тасино Чешмиче“. „Гранит“ гради станбен блок со десетина згради до „Панорамика“ на Водно, врз основа на многупати прекројуван урбанистички план!

КОСОВСКИ ЈАГЛЕН И ГРЧКИ МАЗУТ
ЕСМ планира увоз на еден милион тони јаглен од Косово и набавка на 45.000 тони мазут за повторно активирање на ТЕЦ „Неготино“, додека финансиските потешкотии на државната компанија и растот на цените на енергенсите остануваат дополнителен предизвик.

ЕСКАЛАЦИЈА НА СИТЕ ФРОНТОВИ
Меѓународната политичка сцена влегува во период на зголемена нестабилност, во кој неколку регионални конфликти сè повеќе се поврзуваат со поширокото ривалство меѓу големите сили.

ЖИЛАВИ МОЌНИЦИ
Зошто некој би се нафатил да биде матадор? Заради славата и парите, а зошто инаку? А зошто публиката толку ги слави матадорите? Баш затоа што е опасно и тешко тоа. Е па, на некој начин да се има жилав противник во политиката е налик на борба со бикови.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Заради возбудата, ова беше најдолгата фотосесија во мојот живот која траеше само неколку минути. Сите бевме наредени еден до друг. Не сите. На заедничката слика го нема само – Андонис Самарас.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во творбата Мафијадонија, курназлукот како табиет се промовира како неформална спортска дисциплина веќе три и пол децении. Без покритие се курчи и младо и старо, и машко и женско.

Ана ПАНОВСКА
Ах, бре горди родители на синови, како си дозволивте толку да ги осакатите вашите „деца“, та од нив да создадете мамини мажлиња, кои дури ни на 31 година не научиле што значи да се биде вистински маж, а пред сѐ човек, човечен!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За жал, многу од политичките и економските политики во Брисел како намерно да ја туркаат Европа во правец таа да постане главната географска цел на „Новиот светки поредок“, кој од моноцентричен (ќе) требаше да се движи кон повеќецентричен.

м-р Реџеп ИСМАИЛ- ХАКТАН
Селективните казни и нееднаквата (и ужасно неефикасната) судска практика ја потхрануваат неказнивоста. Не смееме да прифатиме заштитата да зависи од јавниот притисок, а одговорноста само од тоа кој е насилникот.