1623

by bogdan 19:47
19:47

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЖЕНА, ЖИВОТ, СЛОБОДА
Трагичен крај на еден млад живот, зацрнето уште едно семејство, седми по ред фемицид од почетокот на годината и се тоа поминува како ништо да не се случило. До кога вака?

СКАП ЖИВОТ, УШТЕ ПОСКАПА УМИРАЧКА
Десетици огласи на интернет нудат гробни места на Бутел и на други гробишта низ Македонија. Правото на користење се пренесува со нотарски заверена изјава, а последното почивалиште станува предмет на препродажба.

СТРАЗБУР ЗА РАШКОВСКИ
Поранешниот генерален секретар во Владата на Заев, Рашковски, доби пресуда од Судот за човекови права во Стразбур, со која се утврдува дека еден дел од притворот кој му бил одреден, не бил оправдан. Но наместо бараните 10.000 евра, судот му досудува скромни 750 евра.

СКРИВНИЦИ
На територија на цела Македонија, има вкупно 1.761 засолништа со капацитет на засолнување на 185.465 лица. Но, речиси сите се запуштени и се користат како складишта за ѓубре и отпад, а само 5 од нив се исчистени и се оддржуваат.

АМЕРИКАНСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС
Поразот на републиканците на американските меѓуизбори во ноември 2026 година не е само губење на мнозинството во Конгресот. Тоа е сериозен политички удар врз Доналд Трамп, неговата политика „Америка на прво место“ и движењето MAGA.

СОЛ НА РАНА
Кога ем народот живее лошо, па со ниски плати мора да плаќа високи цени, ем здравството не функционира, судството не функционира, школството не функционира, јавен собраќај не функционира, и сѐ друго е за никаде, па во такви услови секоја корупција и аздисаност од страна на власта делува како сол на рана.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Со мислењето на Арбитражната комисија добивме само правен документ со кој ни се признава правото на суверена држава. Добивме од ЕЗ нешто „црно на бело“ со кое можевме натаму да се легитимираме во меѓународните односи.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Tокму најдолните социјални и духовни слоеви на „стадо од човеци” со вкупен скор од 60%, ако би собрале кураж и разум и го кренат гласот, може да се надева на системски промени како во соседна Србија.

Ана ПАНОВСКА
Место аплауз добивате сожалување од народот, коешто подоцна ќе премине во недоверба дека како власт не сте способни таквите подземни игри отстрана да ги превенирате и да ги ставите под контрола.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Се заколнуваат на верност и заштита на граѓанските и националните интереси, а кога веќе ќе се устоличат на тронот на власта не размислуваат и не прават ништо друго одошто тие исти граѓани и таа иста Македонија да ја ограбат до гола кожа.

Сретен ДАВИДОВ
Струјата како струја поскапела за 27 денари, ама носењето на таа струја до вашиот штекер поскапело за 149 денари. Ете како тоа струјата „не поскапува“, додека вие плаќате двојно повеќе за жиците низ кои таа поминува.