Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
МРТВА ИСТРАГА
Колку и да сака да го брани криминалот, колку и да ги оправдува средствата што ги искористи за да ја запре аферата тешка 167 милиони евра, тоа нема да ѝ го испере образот за тоа што го направи. Нејзиното име ќе остане запишано во црните анали како некој што дава зелено светло за криминал и труење на народот.
ТРУЕЊЕ СО ТАПИЈА
Македонските граѓани, со години, се жртви на загадениот воздух, а во меѓувреме државата не мрднувала со прст за да создаде подобри услови за живот. Во изминатите години три влади никогаш не напишале стратешки документ, кој требало да предвиди Национален план за заштита на воздухот.
АЛТА БАНКА
Што велат фактите – како еден газда на мала менувачница успеа да изгради интернационална бизнис-империја, што работи на деловни операции во финансискиот, градежниот и во други сектори, тешки милиони евра?
БИЗНИСИТЕ СО ОРБАН
По 16 години власт во Унгарија, заминувањето на Орбан – „добриот пријател“ на Македонија – ги разниша темелите на бизнисите поврзани со неговото влијание. Според унгарските медиуми, Орбан често користел банки, медиуми и компании за градење регионално политичко влијание во Србија, Република Српска и во Македонија.
ИНТЕРВЈУ | МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ
Со Димитриевски разговараме и за позициите на ЗНАМ за можните смени во највисокиот ешалон во извршната власт, колку е задоволен од досега сработеното како партиципиент во власта, но и за обвинувањата од опозицијата кон него – дека има отворено фирма во Бугарија.
НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ШОК
Обновените американски напади врз ирански цели доаѓаат во момент кога зад затворени врати се водат интензивни преговори за прекин на кризата, иднината на Ормутскиот теснец и судбината на иранската нуклеарна програма.
НЕПОПУЛАРНИ ТЕМИ
Ако сите се буниме секој само за сопствените проблеми, ниту еден од нив нема да биде решен никогаш. Ама ако се буниме сите заедно за сите проблеми, дури и за оние кои нас не нѐ засегаат, многу проблеми, еден по еден, ќе бидат решавани.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Макијавели го советува владетелот „доколку не е во состојба без ризик да ја практикува доблеста наречена галантност… да не се лути ако го викаат скржавец“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Доколку имаше асолна партија во творбата РСМ, денес ќе живеевме ко бубрег во лој. Наместо тоа, недораснати и неподготвени, избиравме да владеат најнеспособните, најнеобразованите и најкорумпираните. Избиравме идиократски систем!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како граѓани, општество и држава, веќе триесет и пет години стоиме во место додека многу „покалпави“ држави од нас отидоа напред. Оттаму и прашањето дали оние што ги „матат водите“ можат да бидат градители и носители на националното и државното единство.
Ана ПАНОВСКА
Нанесените штети што му ги приредува на народот со неговата погубна блокаторска политика се гледаат на секој чекор во земјава. Не знам дали и колку трпи неговиот народ („мојот народ“), кој е сепак само еден помал, привилегиран и тврдоглав дел од севкупниот народ што живее во земјава.