1564

by bogdan 19:48
19:48

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИЗБОРИТЕ КАКО ЛАКМУС-ТЕСТ
Претстојните локални избори ќе бидат клучни за развојот на настаните во албанскиот блок, бидејќи, зависно од исходот, можни се крупни внатрепартиски и внатрекоалициски промени и поместувања во рамки на ДУИ и ВЛЕН.

ОД ОБВИНЕТИ КРИМИНАЛЦИ ДО БИЗНИСМЕНИ
Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи се уште дава консалтинг услуги на Унгарците, а неговата фирма бележи заработувачка. Во бизнис водите од пред една година запливаа и неговите некогашни блиски соработници Јанакиески и Пешевски.

СУБВЕНЦИИ ЗА „ПРВ СТАН”
Од декември годинава, оние млади брачни двојки или млади лица што купуваат прв стан, ќе може да добијат станбен кредит од банките и со учество од 10 проценти од вкупната вредност на објектот за живеење.

ИЗМАМНИЧКА ШЕМА
,,Актерката” од нашата приказна е осигурителна брокерка која измамила неколкумина граѓани. Наместо парите што тие ги вложиле да завршат за полисата за која уплатиле, тие завршувале во нејзиниот џеб.

АДМИНИСТРАЦИЈА
Дали конечно ќе има политичка волја за вистинска реформа во администрацијата, или, пак, повторно ќе победат политичките калкулации за задржување гломазен државен апарат, партиски вработени и оние што не работат, а примаат плата.

ПАРТИСКА СЕРЕНАДА
Локалните избори не се толку натпревар меѓу партиите, колку што се натпревар на сите кандидати против избирачката апатија. Значи не станува збор за една заедничка изборовизија, туку за Вмровизија, Левицовизија, Сдсмовизија, Дуивизија и Вредивизија.

ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА
Од Вашингтон и Тел Авив се децидни дека никогаш нема да признаат суверена држава Палестина. Сепак, не може да се занемари фактот дека во моментов, Палестина е признаена од 75 отсто од 193 членки на ОН.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Кршењето на мирот и почнувањето отворени непријателства кон Атина, Спарта го оправдува, пишува Тукидид, со намерата да ја „ослободи Грција“ и да ја обнови автономијата на грчките држави потчинети на атинската власт.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Статус кво клановите создадоа мафиократски шашмара систем. Поврзани како свински црева, со иста идеолошка опција – власт, моќ и пари! Едниот „комуњари“, наследник на државотворниот СКМ, а другиот „вмрони“ на патриотарската ВМРО.

Ана ПАНОВСКА
Граѓаните, на последните два изборни циклуси, локалните и парламентарните, на Мицкоски буквално му дадоа одврзани раце за сѐ; за апсење, за затвори, за отпуштање од работа на неподобните и, најмногу од сѐ, за поништување на сите „штетни предавнички договори“ од претходните власти.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сѐ на сѐ, и за овие локални избори не може да се очекува некоја политичко-партиска „иновативност“, туку, како и секогаш, партиите и нивните „лидери“ ќе ги повторуваат старите ветувања со надеж дека ќе можат и понатаму, на раат, да си тераат по старо.