1354

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сите се здале да делат лекции за морална одговорност!? Е, кога, бре, сте виделе морал во политиката!? Морал ли е да лажеш, да крадеш! Како нашите политички чауши го апсолвираат моралот, ми наликува како кога учителката им порачала на учениците да ја прочитаат лектирата. „Е МОРАЛНО ли е, учителке“!?, прашале децата. МОРАЛНО е, деца! Во смисла – мораат

ФИНАНСИРАЊЕТО И ПАРТИИТЕ
Партиите се финансираат со редовно годишно финансирање преку Министерството за правда и преку собирање донации. ДИК им ги плаќа трошоците за платено политичко рекламирање. Добиваат пари и за своите аналитички центри. Најспорни се донациите, а ДКСК годинава за прв пат ќе проверува дали се реални донатори “.

ВРЕДНОСТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА
Од 2001-ва наваму- ингеренциите и финансиите на градоначалниците и општините постојано се зголемуваат, а тоа е процес кој ќе продолжи и понатаму. Тоа им дава можност на локалните партиски моќници да станат клучен фактор во финансирање на нивните политички партии, а со тоа да се стекнат и со голем личен материјален, но и политички капитал.

МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР ЗА ГРАД СКОПЈЕ
 Откако градоначалник е Петре Шилегов, Град Скопје годинава ја спроведе една од најголемите тендерски постапки. Станува збор за имплементацијата на платформа за дигитален град и систем за паметно осветлување, за што беше склучен договор од 6,5 милиони евра со „Македонски Телеком“.Што открива документацијата што ја обезбеди Фокус?

АЛЕКСАНДАР ТОРТЕВСКИ: СДСМ СЕ МЕРАКЛИИ ЗА ПАЗАРЕЊЕ, Е ТОА НЕ МОЖАМ ДА ИМ ГО ПРОСТАМ!
Долгогодишниот адвокат Александар Тортевски е еден од 12-те пријавени на градоначалничката трка за татко на Град Скопје. Тој, во 2017 година се бореше и за позицијата на републички јавен обвинител, но, како што вели, веќе кренал раце од правосудството. Ветува дека она што ќе го сработи, ќе биде видливо, па за почеток на скопјани им нуди чист град. Од нив бара да не гласаат ниту за поголемото, ниту за помалото зло, туку за нова опција

КАКО ГО ПОМИНУВААТ ВРЕМТО ЗАД РЕШЕТКИ КАТИЦА ЈАНЕВА И ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА?
Во женскиот затвор веќе се навикнаа на двете  познати затворенички, кои ги прифатија правилата на „куќниот ред“ и ги користат сите бенефиции што им припаѓаат на затвореничките. Екипата на Фокус повеќе од три часа помина во  друштво со затвореничките, кои  немаат проблем да зборуваат, а некои и да се сликаат

МОЌТА НА НЕОЧЕКУВАНОТО
Народот ќе биде проактивен ако наместо да се прашува „што можат да направат политичарите за мене“, се прашува „што можам јас да направам ако политичарите ми се симнат од врат“. Таквите луѓе ниту ја прифаќаат пасивно новата нормалност, ниту пак се борат активно против неа само за да ја вратат старата нормалност, која повеќе не постои, туку веќе имаат уште понова нормалност замислено и ја градат

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Мора да е повеќе од добар. Штом ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден му го фрли пикот тоа „по дифолт“ значи дека тие го оценија како способен министер што си ја знае работата и како заканувачки тип за нивната партиска политика. Да можеа, ќе го изедеа. Сега го начекаа моментот

Наум СТОИЛКОВСКИ
Пепел ја однел човечноста на Зоран, Венко, Артан, Оливер, Илир, Јагода… Изгледа никој, ама никој во власта не го здоболеа вресоците, никој во власта не го здоболе тоа што триминутниот пекол однесе 14 животи, никој во власта не почувствува болка, па да каже „Доста е, не можам повеќе“!

Јанаки МИТРОВСКИ
Во 2010 година падна тазе поставениот кров на тетовската болница при малку посилен ветар и усмрти 23 годишна студентка од Косово. ОЈО Тетово покрена обвинение и шест години подоцна судот во Тетово ги ослободи сите обвинети и правното лице кое го градеше кровот, од одговорност. Ете толку отприлика ќе има одговорност и сега!

Стојан АНДОВ
Му објаснив на потпретседателот на францускиот парламент зошто сум дојден и го замолив Франција, како претставник на европските големи сили на Букурешката конференција во 1913 година,  да интервенира и да спречи свикување на некоја нова Букурешка конференција за нова поделба на Македонија, идеја што постои во некои кругови во Грција, а веројатно и во Србија.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Времето ќе покаже, особено во поглед на предизборната и постизборната соработка, дали овие независни листи за советници и градоначалници се навистина “независни“ или, пак, се само кукавично јајце кое политичките партии сакаат да им го подметнат на граѓаните во обид да ја освојат и контролираат локалната власт

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Народот интуитивно знае дека ветувањата секогаш се во функција на одложувања, а не исполнувања. Свесен е и за бесконечното забавување и ритуално чекање на светли перспективи без рационални објаснувања. Се навикна времето да го мери не со часови, туку со години и децении.  Живурка и продолжува да им ја дава довербата на сејачите на магла.