1157

by fokus

РЕБРЕНДИРАЊЕ НА ВМРО-ОБВИНЕТА
Главната задача што ќе ја има новиот партиски лидер, кој ќе излезе од шинелот на пастирот, е политиките на партијата да ги усогласи со постполитичките кривично-правни јанѕи на Груевски и Фамилијата

ТРКА ЗА НАСЛЕДНИК
По најавата на Груевски дека се повлекува од лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ, почна лицитацијата со имиња за негов наследник. Во тој контекст како најсериозни кандидати се споменуваат Никола Поповски, Христијан Мицковски и Антонијо Милошоски

ПУЧИСТ ИЛИ МЕТА
Релевантни извори за „Фокус“ наведуваат дека сценариото на 27 април предвидувало да се убијат Заев, Села, но и Јохан Тарчуловски. Иако некои го посочуваат Тарчуловски како лице што ја координира групата со маски на лицето, сепак не би изненадило доколку замислата била да падне и троа вмровска крв

ПЛАНОТ „А“ И ПЛАНОТ „Б“ ЗА ИМЕТО И ЗА НАТО
„Загревањето“, и на овој студ, започнува. Медијаторот Метју Нимиц идната недела во Брисел ќе се сретне со преговарачите за името. Што сѐ и тој, но и Вашингтон, Брисел и Берлин, нашите меѓународни пријатели не „измислија“ за да се разреши овој „замрзнат конфликт“, ризичен за Македонија, за Балканот, но и за НАТО.

ТЕНКИ ДОКАЗИ
Врховниот суд им ја укина доживотната казна затвор на обвинетите во случајот „Монструм“, бидејќи пресудата била неразбирлива и противречна. Не се утврдило кој точно ги убил момчињата и кои „улоги“ ги имале обвинетите. Забележаа и дека доказите биле тенки, а виси и сведочењето на загрозениот сведок Е-1

ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ
Кој има најреален потенцијал ем да ја смири Америка со ВМРО-ДПМНЕ, ем нејзините гласачи да ги смири со Америка? Тоа несомнено е Влатко Ѓорчев, за кого успеав да најдам дури десет адути кои би му помогнале да победи во трката. Од сите кои се во игра, неговиот евентуален избор ќе има најмногу смисла

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Австро-Унгарија и Русија веќе во 1885/86 година се согласиле на Балканот да не дојде до нова словенска држава. Бидејќи не можеле да ја прескокнат Македонија договорно одлучиле Русија да побара од султанот во Отоманската империја да забрани да се спомнува зборот Македонија, особено зборот Македонци

Ана ПАНОВСКА
Кандидатите што се вртат како имиња за нов лидер на партијата, сите до еден се од најтесното опкружување на Груевски. Следствено на тоа сите до еден имаат „темно петно“ во нивното политичко дејствување

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
И оваа власт, како и секоја пред и по неа, треба уште на самиот почеток на нејзиното востановување да се потсети да троши помалку луѓе, време и пари на разубавување на реалноста, а да вложи сè од себе за да ја направи самата реалност поубава

Ерол РИЗАОВ
Злосторничкото здружение и неговите рецидиви, целиот период на развластување, безмалку година дена, не дозволија народот да се израдува како што треба. Груевски не беше странски платеник, туку домашен платен и преплатен од наши пари

Денко МАЛЕСКИ
Мрзеливостa на духот и егоизмот да се сочува позицијата на моќ, на сметка на судбината на нацијата, алчноста да се контролира сѐ што може да се контролира, наместо институциите да се отвораат кон Западот, ја прави по малку неизвесна нашата средба со бугарската нација

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дали и по доаѓањето на новата власт споил-системот т.е. октроирањето кадри ќе се наследи како добра практика од минатото и ќе остане и натаму доминантен препознатлив знак на безбедносните служби? Бевме трпеливи толку години, па да почекаме уште некое време