1156

by fokus

ИГОР ДУРЛОВСКИ – ТЕРОРИСТ ИЛИ УМЕТНИК КОЈ „САМО“ САКАШЕ ДА СПРЕЧИ ДЕМОКРАТСКА ПРОМЕНА НА ВЛАСТА
Што мислеле Дамовски, Јовановски, Дурловски, Бетмен и компанија кога се подготвувале да влезат во Собранието? Дека ќе се напијат кафе во собраниското бифе? Или дека одат насила да го спречат Заев демократски да ја преземе власта? Ако е ова второто, тогаш го загрозиле уставниот поредок!

7 ДЕНА: ДАЛИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ПОСТАПИ И ПО ВТОРИОТ АПЕЛ НА ГРУЕВСКИ?!
Кога се случи крвавиот четврток, Груевски ги повика институциите да ги откријат виновниците и да ги изведат пред суд. И обвинителството сега посочи виновници кои се изведени пред суд. Во друга пригода, Груевски јавно замоли него да уапсат, дури и да го осудат на доживотен затвор, само да не ги гонат луѓето кои во емоција направиле грешка и влегле во Собранието. Дали обвинителството работи да му учини и по овој „захтев“!?

И ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО УВЕЗУВА ЛЕКОВИ ОД ТУРЦИЈА
Меѓу оние што вршеле паралелен увоз на лекови од Турција е и фирмата на поранешниот директор на Фондот за здравство, Јанез Јелникар, поставен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кој во 2010 година си замина од функцијата, за да влезе во фармацевтскиот бизнис. Меѓу фирмите што увезуваат лекови според паралелен увоз од Турција се и „Зегин“, „Д-р Пановски“, „Елбијор“

ОТКРИЕНИ СЕ 28 ФАЛСИФИКУВАНИ ПАКУВАЊА САМО ОД ЕДЕН ЛЕК ЗА ДЕЦА
Во интервју за „Фокус“ Роберт Бекироски, директор на Агенцијата за лекови, тврди дека 95 отсто од лековите во државата доаѓаат преку паралелен увоз на лекови од Турција. Тој објаснува дека при инспекциски надзор на лекови од паралелен увоз во декември, 2016 година идентификувани се 28 сомнителни оригинални пакувања од еден лек од иста производствена серија. Станува збор за болнички лек за деца!

ИТАЛИЈАНСКИОТ КОНЦЕСИОНЕР ЌА ЈЕ ЗАГУБИ ДРИСЛА?
Според информациите на „Фокус“, Управниот суд по третпат одлучил во полза на германската компанија „Шолц“ во спорот со италијанската ФЦЛ „Абмбиенте“, со што е многу веројатно Италијанците да ја загубат депонијата Дрисла. Паралелно, новата локална власт истражува дали депонијата го години ги труела граѓаните

ВИНКО ГРУБИШИЌ ФАЛСИФИКУВАЛ АВТОРСКИ ДОГОВОРИ?!
„Фокус“ пред две седмици објави фотографија со список на ангажирани автори чии имиња хрватскиот продуцент Грубишиќ ги искористил во пријавата за играната серија „Македонија“. Јавното обвинителство проверува како авторот Огнен Георгиевски се нашол на списокот на Грубишиќ, иако одбил да учествува во пишувањето на сценариото

ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ ЗАГУБЕВМЕ СТАНОВИТЕ, А НАМЕСТО ПАРКИНГ ДОБИВМЕ БИСТРО!
Станбениот објект на улицата Пиринска во Дебар маало беше дел од таканаречената афера ново бачило, откако основниот суд одлучи инвеститорот Палески да добие отштета од над еден милион евра поради тоа што еден од кат од објектот бил урнат, иако Врховниот суд утврдил дека бил изграден без дозвола за градба.

ДЕСНИЧАРСКИ ПАРАДОКС
Дали султанот Херојски Зајак има сличен план со императорот Романос (или Голем Нос) Грујогенес? Да го остави на слобода по поразот во битката кај Локалните Избори за да настане раздор, кој ќе ја ослабне ВМРО-ДПМНЕ до тој степен, што комуњарите без мака и без страв од силна опозиција ќе си прават што сакаат во државата?

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За да не биде по победа – плачка, раководството на СДСМ, и особено Заев лично, добро да се размислат пред да ги редефинираат основите на своето политичко дејствување. Ова поради тоа што со предлагањето на Буџетот не покажаа нешто поголема радикалност во менувањето на визурата со која се гледаат граѓаните, државата и општеството. А, тоа не е добро!

Ана ПАНОВСКА
По изрекувањето на притворите на дел од учесниците околу крвавите настани на 27 април, претседателот Иванов, кому „националниот дијалог“ му е лајтмотив во неговата замислена улога на „татко на нацијата“ се обиде повторно на трпезата да ја изнесе подгреаната, бајата манџа „За заедничка Македонија“

Ерол РИЗАОВ
Замислете каква несреќа ме снајде. Сум го сменил идентитетот, сум станал прав Бугарин, поголем и од Бај Гањо. Штом го сменив идентитетот веднаш почнаа да ме нервираат Македонците. Почнав да си го менувам идентитетот секој ден, бев Антички Македонец и Грк и Србин и Албанец и Влав и Германец… Најтешко ми беше кога бев тоа што сум, македонски новинар и згора Турчин!

Денко МАЛЕСКИ
Ја гледав забавната емисија во која гостуваше новиот министер за надворешни работи. Умен, весел, шармантен и сигурен, ширеше прекрасна атмосфера на нормалност во државата, нешто по што пекаме сите. Но, тоа е лажна атмосфера, зашто нормалност – нема. За неа допрва треба да се изборат длабоко загрижени луѓе, кои, признавам, можат да бидат и насмеани

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Единствен спас и логично најприфатлив модел за преобразба на македонските безбедносни служби е нивна расформа, а потоа реформа за колку-толку да се прочистат, да го тргнат од себе одиумот на партиски служби и да се трансформираат во професионални