1142

by fokus

ОСМА НЕПРИЈАТЕЛСКА ОФАНЗИВА
Зошто Србија му помага на пастирот иако знае дека тој не ја заслужува помошта? Жално е, но тоа е единствениот начин со политичка рехабилитација на Груевски да се одолговлечи македонската интеграција во НАТО. А Вучиќ, по се изгледа, верува дека македонскиот народ, ако братот Србин му го посочи непријателот, ќе знае да ја избере „вистинската страна“

СЈО И НАТАМУ ЌЕ АПСИ
На Катица Јанева и на нејзиниот тим им заврши мандатот за поднесување обвиненија, но тоа не значи дека ќе запрат со работа. Сите предистражни и истражни постапки ќе продолжат да ги работат, а наскоро ќе отворат и нови. Како сите да забораваат дека тие се уште можат да апсат и да бараат мерка притвор за поранешните функционери

БЕЛИОТ ДВОРЕЦ И „ГОЦЕВАТА“ ТЕРАСА
ВМРО-ДПМНЕ го откупи земјиштето околу штабот за само 130.000 евра, а „Бетон“ и изгради многу поголем објект. Партијата ќари многукратно, особено што компанијата и исплати плус два милиони евра, зашто не и изградила простор колку што се договориле!? „Бетон“ успеа да изгради и спорна тераса на објектот, која градоначалникот Жерновски не успеа да ја сруши, иако се закануваше

БУНТ ПРОТИВ МОЖНИОТ ДИРЕКТОР
Вработените во ФЗО Битола се разочарани поради тоа што како едно од најчесто споменуваните имиња за раководител е Веселин Стојчевски од СДСМ, кој ја извршувал истата функција од 2003 до 2007 година. Велат оти тој не смее повторно да биде директор, затоа што е кривично осудуван

ПОЛИТИЧКА ХИГИЕНА
Во сите сфери, а особено во политиката, сме дозволиле да ни навлезат луѓе-ѓубриња со отпадни идеи, рециклирани биографии, токсични намери, нечиста совест, валкан карактер и канцерогени принципи. Одвреме навреме се појавува некоја општествена сила, која ветува дека таквите ќе ги испрати на ѓубриштето на историјата, но кај нас дури и ѓубриштето на историјата е дива депонија

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Очигледно, во Србија сѐ уште има луѓе што мислат дека во Македонија ништо не се сменило. Веројатно во центарот на оваа нова паника се наоѓаат некои информации до кои дошла владата на Заев за вмешаноста на српските тајни служби во некои драматични настани, дури и во оној кога на 27 април беше изведен обид за државен удар

Ерол РИЗАОВ
Македонија не може да ја дестабилизира Србија, ниту, пак, Грција. Но, тоа може да го направи Србија ако не ја респектира реалноста дека антиалбанската и антикосовска политика на Македонија, по урнекот на Србија, може да ја собори македонската влада преку ноќ, која е коалициска со албанските партии и е со тесно мнозинство во Собранието

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Лидерите“ се менлива категорија. Нивната употребна вредност, во најдобар случај, може да трае десетина години. Потоа стануваат диво месо за партијата и за општеството. И затоа треба да си одат. Сега ДПМНЕ е соочена со „лидер“ кој како крлеж се зарил во живото ткиво на партијата, со намера да остане таму, сѐ додека не ја уништи партијата, а со тоа и самиот себе

Ана ПАНОВСКА
Овие новиве власти, без никакво одлагање, треба „статистите“ веднаш да ги тргнат од сцената, не поради нивната неспособност или поради стравот од шпионирање за сметка на претходните. Не! Се плашам од ваквите ропски фигури кои имаат една природна дарба да ја расипуваат секоја власт кон која ќе се прикачат

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Деструктивниот нагон за владеење на организираната примитивна банда продолжи и по губењето на власта. Тешкиот глауком од еднодеценискиот карневал на сељачизам, кој во огромни количини се распиштоли по хоризонтала и вертикала, ги оневозможува да ја разберат реалноста и да прифатат дека веќе не се власт