1140

by fokus

ДЕСТРУКТИВНА ПАРТИЈА ЗА МАФИЈАШКО НЕЗАКОНСКО ЕДИНСТВО
Им честитам на сите министри што ќе се закитат со интерпелација од ДПМНЕ. Да те прогласат груевци за несалам, тоа е сигурен знак дека си на вистинскиот европски пат. Затоа, очекувам сите министри во владата на Заев, јавно да побараат од опозицијата да им покрене интерпелација. Како „питање части“, де

ПРЕДИЗБОРНИ ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ
Претстојните локални избори нема да бидат обичен избор за нова локална власт, туку одредница што ќе ги трасира идните политички процеси. Додека СДСМ сака со изборна победа да ја зацврсти власта и да го испрати Груевски во политичка пензија, ВМРО-ДПМНЕ очекува со изборна победа да отвори процес за нови избори и враќање на власт

АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ПОМЕЃУ БАРАЊАТА И УСТАВОТ
Кој добива, а кој губи со новиот предлог Закон за јазици? За едни нема губитници и сите добиваат, за други законот е целосен вовед во двојазичност и федерализација, за трети тој е предизборен маркетинг, а за четврти, пак, е противуставен. Фактот дека има незадоволни и од македонска и од албанска страна, говори дека законот е компромис помеѓу барањата на Албанците и уставните ограничувања

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ, ВЛАЖНИ СНИШТА
Можеби со победа на 15 октомври, Груевски некако може да си го нашминка својот мртовечки политички лик пред огледалото во партијата. Но, исходот од локалните избори не може битно да влијае на централниот курс за промена на „Сваровски“ судството. Од тој пат враќање нема, а кога ќе се изоди, порано или подоцна, сеедно, секако ќе значи и кривично-правна елиминација на пастирот

ДОЛГОВИТЕ НА ФИНАНСИСКИОТ ДИРЕКТОР
Именувањето на Љупчо Зиков за директор за финансии во државната компанија МЕПСО предизвика негативни реакции во јавноста. Но, кога беше претседател на Алијансата за позитивна Македонија, Зиков направил долг од околу 15.000 евра за реклами за време на изборната кампања во 2014 година. „Фокус“ е само еден на листата медиуми на кои Алијансата им должи пари

НАЈСТАРАТА НАВИВАЧКА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
Нема разочарување, што е, тука е. Секогаш победува тој што е најдобар во моментот. Но, тоа не значи дека Манчестер јунајтед нема да има големи успеси во иднина, вели доктор Нада Скерлев, 84-годишната пензионерка, навивач на популарниот англиски клуб, на која ФФМ ѝ обезбеди билет да го следи натпреварот од Суперкупот во Скопје, кој заврши со победа на Реал Мадрид од 2-1

ВРСКА ЗА ЕДНА НОЌ, ГЛАСАЊЕ ЗА ЕДНИ ИЗБОРИ
Она што е сексот за љубовта, тоа е партиското раководство за самата партија како традиција, идеал, бренд. Може да си верен до смрт на СДСМ, или ВМРО-ДПМНЕ, ама да не можеш да го смислиш Заев, особено откако е дојден на власт и прави секој ден чекори кои ти ги сметаш за погрешни, или Груевски соодветно, на кого одамна му е омекнат тврдиот став за некои клучни прашања

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
За да му помогне власта на Груевски да се отстранат заканите по неговиот живот, неопходно е тој самиот да ги запознае надлежните државни органи со сите свои оценки за тоа од каде доаѓаат реалните закани. Се разбира, Груевски треба да ја разоткри целата криминална структура во ВМРО-ДПМНЕ и нејзините центри што се создавале под негова заштита и со верба во него

Ерол РИЗАОВ
Нашиот политички маратонец што го трча последниот круг рипна на скопскиот плоштад со лага висока како мотка, исто како чаламџијата од Родос се испофали дека тој и неговата влада го донеле светскиот куп во Скопје. Ашколсун. Само што заборави да му се заблагодари јавно на Мишел Платини, кој ја заврши оваа работа Скопје барем три дена да личи на европска метропола

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во овие моменти, Република Македонија и македонскиот народ имаат поважни прашања од Груевски. Тој, полека, но сигурно заминува на патот за Идризово. Затоа она на што мораме како држава и народ да се посветиме, тоа е иднината. Во нашата историска и политичка проекција таа иднина се ЕУ и НАТО

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наместо неимари, творци и визионери, мафијата облечена во власт промовира анонимци и опскурни ништожници, кои за време на животот беа маргиналци и пакосни нулта човечиња, но по смртта со декрет добија ореол на борци и жртви за Македонија, па по нивните имиња беа крстени плоштади, булевари, објекти, фондации