1138 – 1139

by fokus

ГРЕВОТ НА АДВОКАТИТЕ
Секој човек има право на одбрана и обезбедување добар адвокат, кој ќе го брани во судницата. Но, ненадејното појавување на адвокатот Сашо Дуковски како бранител на екс министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска предизвика бура од реакции. Водечки адвокати во земјава, за „Фокус“ говорат за својата етика и морал при прифаќањето клиенти

СКАНДАЛОЗНА ПРАВДА
Иако навршија пет години од крвавиот масакр кај Смиљковското езеро, родителите на едно од убиените момчиња, Филип Славковски, сѐ уште не го добиле ветеното обесштетување од државата од 70.000 евра. Останатите четири семејства веќе одамна се исплатени, но судот само за ова семејство не дозволува исплата!

ГРУЕВСКИ КОРИСТИ СИЛЕЏИИ ПРОТИВ НЕПОСЛУШНИТЕ ВМРОВЦИ!
Во интервју за „Фокус“, Петар Богојески говори за заканите и притисоците со кои се соочувале членовите, активистите и функционерите што изразиле незадоволство од политиките на партиското раководство. Пресвртна точка за партијата бил конгресот во Битола во 2011 година, кога Никола Груевски почнал да ги засилува насилничките методи, честопати злоупотребувајќи ги и државните институции

КЕШ ЗА „ПОДОБНИТЕ“ ИСТОРИЧАРИ
Меѓу историчарите и аналитичарите кои за пишување авторски трудови и редактура на текстови од историска тематика во 2017 година добиле масни суми во вкупен износ од над 100.000 евра од Државниот архив се докажаните поддржувачи на политиките на Груевски, Виолета Ачковска, Теон Џинго, Александар Даштевски…

СУДБИНАТА НА ГРУЕВСКИ
Кога ќе го видам Груевски како решил да и пркоси на историјата и како очајнички верува во својот воскрес, надевајќи се на преторијанците во судот и во Собранието, мислам оти крајот на Чаушеску, пред стрелачкиот вод, сепак беше многу хуман. Груевски по се изгледа за себе избрал многу подраматичен крај, неговото политичко умирање на рати боли до небесата

ПАРТИСКИ СЛОНОВИ
Вмровскиот слон знае каде треба да ги згази своите луѓе за тие да не му се налутат, а и тие се истренирани да го сфатат газењето како еден вид егзотична масажа, кое не само што не е лошо по нив, туку дури дава и бенефити за здравјето. Сдсмовскиот слон во тој поглед е многу полошо истрениран. И откако е дојден Заев на власт гази без да внимава

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Во разговорот што го имавме во Давос, Желев подвлече дека Бугарија ја признала независноста на Македонија со голем ризик да има негативни последици за себе, а признавањето не го поврзува со некои услови. Еве, сега повторно се најдовме во ситуација кога ни е потребна раката на поддршка токму од Бугарија и таа очигледно е подготвена искрено да ни ја подаде

Ерол РИЗАОВ
Може ли Македонија да куртули од ВМРО-ДПМНЕ или, пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спаси Македонија од себеси? Македонија не може да се спаси брзо од епидемијата со 11-годишна вмровизација со груевизмот, бидејќи станува збор за долга криминализација полоша и од врховизмот, идеологија од минатиот век, која прерасна во најголема измама на граѓаните

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичките победи не можат да амнестираат криминал. Тоа добро треба да го знаат и Груевски и Заев и Ахмети, како и сите други мали и големи „лидери“. За да не дојде време повторно да се навраќаме на лекцијата што не ја научи Груевски, но затоа многу добро ја научија граѓаните: глас секому, но доверба никому

Ана ПАНОВСКА
Не ми е прифатливо среде Македонија да не постои посебна катедра за македонски јазик и македонска книжевност, како што има посебни катедри за албански јазик и книжевност, турски јазик и книжевност, германски, англиски… Само нашиот, македонскиот јазик, оди топтан со јужнословенските јазици!

Сашо ТАСЕВСКИ
Пешевски величино, кога си бил таков петкаш, зошто дозволи еден Груевски да те запрета во гомна до гуша, кој едвај, со тешки врски, заврши економски факултет во Прилеп. Во она комуњарско време да завршиш економски во Прилеп, значеше дека си дудук за учење и дека не постои друго место каде што родителите би те запишале за да земеш диплома на-две-на-три?