1126

by fokus

ЗАР НЕ Е НАВРЕДА ЗА ЦДУ НА МЕРКЕЛ, ДПМНЕ-ТЕРОРИСТИЧКА НА ГРУЕВСКИ ДА ИМ Е СЕСТРИНСКА ПАРТИЈА!?
Груевски е веќе минато, ама јас и натаму ќе се далдисувам од феномените на груевизмот. Време кога храмот на демократијата, законодавниот дом, беше најнебезбедно место во државата за пратеници и новинари. Кога Јавен обвинител функционираше како бранител на мафијата. Кога се случуваа паранормални феномени – притвореник да се самоубие во кофа вода, а главен сведок на СЈО да се самоубие „из чиста мира“.

РУСКА ВРСКА
Хрватски агенти ги испитуваат врските на кумановскиот Хрват Игор Југ со руската воено-разузнавачка служба и нејзината инволвираност во крвавото сценарио во Собранието. Кумановецот командуваше со силеџиите при што со убиство требаше да се предизвика Иванов да воведе воена состојба

СВЕДОШТВО ОД „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“
Да не беше нашето обезбедување, демонстрантите ќе го убиеја Заев и некој од пратениците – Албанци. Се што имаше во просторијата ни фрлија врз глава. Еден од нив од галеријата гаѓаше со јарболот од знамето како со копје. Други правеа ласо од каблите за да не уловат, па можеби и да не обесат – се потсетува еден пратеник

КРИВИЧНИТЕ ДЕЛА НА СИЛЕЏИИТЕ
Иако помина речиси цела недела од крвавиот четврток, засега обвинителството покрена истрага само против 20 насилници. А, листата на кривични дела за кои треба да одговараат е предолга, од тероризам и велепредавство, до злосторничко здружување и обид за убиство

ОЧАЈНИЧКА СЛАМКА ЗА СПАС
„Малиот диктатор“и лицето кој има визит-карта на која пишува „Претседател на Републиката“, веќе и врапчињата знаат, биле подготвени на налудничави и морничави идеи. „Сложно“ да ја разрешат дилемата – Или ние, или Македонија. Сепак, засега сѐ добро се заврши, иако се можни „афтер-шокови“

ЧАВКАРСКА ПОЛИЦИЈА
За време на протестите на Шарената револуција, полицијата не им дозволуваше на демонстрантите ниту да се доближат до барокното седиште на ДПМНЕ, а минатиот крвав четврток скандалозно ги пушти во Собранието протестантите „За заедничка Македонија“ кои ги линчуваа пратениците

ПРЕРОДБАТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ
Во 2006-та дојдоа на власт со слоганот „Македонија има сила“. Од тогаш, заборавија на силата на Македонија и врз Македонија ги демонстрираа сопствената сила и силеџиство. Ама, Македонија сѐ уште има сила. Таа иста сила која нив ги донесе на власт, нив и ќе ги симне од власт

ГАСНАТ „ПАТРИОТСКИТЕ“ МЕДИУМИ
Секнуваат парите од буџетот, кои преку владините кампањи власта ги злоупотребуваше за да обезбеди медиумска поддршка, а со тоа полека, но сигурно го снемува и главното гориво за мегафоните на ВМРО-ДПМНЕ

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Во врвот на ВМРО-ДПМНE нема маж кој на вождот ќе му соопшти дека е готов. Никој од неговото опкружување нема три чисти да му каже дека, за доброто на државата и на партијата, треба веднаш со своите најверни послушници да заминат од партијата и од политиката и да побараат нови адвокати

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Н.Г. одбра да се „оствари“ во најмрачната „персона“ во политичката историја на Македонија. Историјата памети како Ванчо Михајлов им држел погребни говори на луѓето на кои им организирал убиство. Затоа и не ме чуди повикот на Н.Г. да бидат откриени и осудени актерите на вандализмот во Собранието

Александар ТОРТЕВСКИ
Груевски и неговите советници имаа намера од Македонија да направат Алепо. Да направат братоубиствена и меѓунационална војна, а потоа додека ќе се броеја мртви и жртви, тие да се извлечат за криминалите што ги правеа изминативе години

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Пирот во Собранието претставува досега најрелевантен аудио и видео документарен запис за функционирањето на партиските преторијански служби, кои ги заштитуваат и соучествуваат во арамилакот и бесчестијата на власта

Рамадан РАМАДАНИ
И да се знае, никој таа вечер не ја зеде Македонија, само сите ние ја вративме во слобода и нормалност. Груевски и кликата таа вечер се поразени и сега секој ден сѐ повеќе ќе има луѓе кои ќе увидат дека тој негов пораз не е нужен и нивен. Прво во коалицијата, па потоа и внатре во партијата и фамилијата