1125

by fokus

МЕЃУНАРОДНА ИСТРАГА
Пораката од САД, што ќе ја пренесе Хојт Ји е Фамилијата да не презема неразумни чекори кои може да ја загрозат безбедноста на целиот регион и дека со евентуален недемократски развој на настаните во Македонија, САД ќе бидат принудени да применат санкции, а Груевски и Иванов ќе одговараат пред меѓународен суд

БЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ НА ГРУЕВСКИ БАРААТ СПАС ВО СДСМ
Иако најавува нова влада во мај, а притоа не дава ни грам сомнеж дека е подготвен да ја води битката за европска Македонија докрај, сепак Зоран Заев остава впечаток дека и самиот се сомнева дали и колку ДУИ е вирус во ова сценарио. Во интервјуто за „Фокус“, главно одговара дипломатски, па некои работи останува да ги читате „меѓу редови“. Тврди дека најмалку една третина од вмровските министри бараат спас во СДСМ

НЕМОЌНИ ПРЕД ФАМИЛИЈАТА?
Иако власта преку своите луѓе во одборот директори во телекомот врши влијание да се кочи истрагата за прислушувањето, дипломатски извори за „Фокус“ велат дека влезот на СЈО се случил под влијание на „Дојче телеком“. Дали Германците имаат храброст да и се спротивстават на Фамилијата и да ги обезбедат доказите?

МАТНА ВОДОВОДНА СПРЕГА
Комуналните претпријатија во Македонија се групирани во здружението на граѓани АДКОМ. Со здружението раководи сопругата на сопственикот и сестрата на управителот на фирма за трговија со водоводна опрема „Техноскоп“, која склучила договори токму со комуналните претпријатија од целата држава за 10 милиони евра!

НЕ СУМ ПРОТИВ „БОМБИТЕ“ ДА СЕ КОРИСТАТ КАКО ДОКАЗИ, САМО ГИ ИЗНЕСОВ ПРАВНИТЕ ДИЛЕМИ
Актуелниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во интервју за „Фокус“ објаснува дека не е против СЈО а неговиот реферат за „бомбите“ не е предлог тие да се отфрлат како докази, туку известување до судиите за правна дилема. Тој вели дека одлуката на Врховниот суд за одбивање на приговорите на судиите од Кривичен е правно заснована

КУМОВСКО ТЕТОВСКО ЗДРАВСТВО
Тетовската клиничка болница веќе неколку години ја тресат скандали. Сепак, и во услови на техничка влада, таа продолжува да се „модернизира“ по теркот на Фамилијата. Фирмата „Соникс“, зад која стои Кирил Дудески, кумашинот на Мартин Протогер, во февруари склучила два тендери за набавка на медицинска опрема во болницата, во вредност од 220.000 евра!

ФРАНЦУСКА ВРСКА
Дали Стево Пендаровски може (и дали сака, уште поважно) да биде македонскиот Емануел Макрон, кој на идните предвремени парламентарни избори како лидер на ново движење (еве, и тоа не мора да е партија) би ги изненадил големите, етаблирани партии? Pourquoi pas (се чита „пу’коа па“), или на македонски – зошто да не?

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Во 1934 година, Ајхман се пожалил на еднообразност на медиумите. За еден главен уредник тоа било повод да го искритикува министерството за пропаганда. Весникот бил забранет со три месеци неизлегување, а Гебелс го испратил уредникот во логор. Кај нас уредниците не се праќаат во логор, туку во затвор, а весниците ги забрануваат со трајно затворање

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Наближува денот кога нема да можат да се исплаќаат парите за плати на вработените во државната администрација. Тие беа социјалната основа од каде што Груевски ја црпеше силата. Затоа, оние што му даваа живот на неговото политичко владение, ќе бидат носители на неговата политичка смрт

Ана ПАНОВСКА
За Илија Димовски ми е жал. Интелигентен е, прониклив, и знае со неговата речитост и најнелогичната теза да ја изврти да звучи логично, барем за оние површните. Но, веќе му се гледа во очите замор и му се чита дека е сосема свесен дека бие една понижувачка, кловновска битка и дека е време за капитулација

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ако се погледа уникатната супкултура на мафијата, ќе се видат многу сличности со авторитарниот режим во Мафијадонија. Основниот принцип е фикс-идејата дека ќе се владее вечно. Мафијата е една од најтрајните организации во светската историја. Никогаш немало корпорација која опстојува толку долго

Рамадан РАМАДАНИ
Верзијата дека телефонскиот повик во ДУИ бил од Еди Рама е неверодостојна зашто ДУИ неколкупати се има сретнато со Рама и точно можела да знае што мисли премиерот на Албанија за можноста тие повторно да бидат со ДПМНЕ во некоја еднонеделна влада. Изгледа се јавил некој од погоре, од  ЕУ, од НАТО или од САД