1117

by fokus

ФАМИЛИЈАРНА ПЛАТФОРМА – „НАРОДОТ“ ПРОТИВ НАРОДОТ!
Груевски не е ексклузивен по тоа што „дрпнал“ милијарди. Ги имало на сите меридијани. Разликата е што во демократски држави, откако ќе пукне бруката, тие поднесуваат одговорност. Во недемократските, пак, има разлика дали ќе одговараат само за криминал или и за крвопролевање на народот против „народот“!

„МЛЕКАРА НИКОЛОВИ“ – КУМАШИНИ НА ГОЦА
„Хемипром“ од Свети Николе е во сопственост на семејството Николови, кои се во кумска врска со Гордана Јанкулоска. „Млекара Николови“ од 2014 година добила неколку тендери од Општина Свети Николе, а во истиот период откупила и атрактивно градежно земјиште на градскиот плоштад за да гради спортско-рекреативен објект

ДАЛИ НАТО ЌЕ ЈА СПАСУВА МАКЕДОНИЈА?
Ако криминалниот режим на Груевски веќе не може да гарантира меѓуетнички мир, тогаш е загрозена и регионалната безбедност и тоа е сигнал за ЕУ и НАТО да ја признаат македонската влада што ќе ја формираат СДСМ и албанските партии. Таа влада потоа може да го повика НАТО да го штити мирот во Македонија

ЗА ДА ГИ СПАСАТ ГРУЕВЦИ, ГО ДЕРАТ НАРОДОТ
Чистката на неподобните судии во Кривичниот суд, оние кои го кренаа гласот против екс претседателот Владимир Панчевски и оние кои одлучуваа „во корист на СЈО“, покрај нивно лично деградирање ќе предизвика и сериозен застој во работата на судот

ГОЛЕМИОТ БРАТ НИКОЛА ТОДОРОВ
Преку проектот „Мој термин“, кој е веќе четири години во употреба, министерот Тодоров има увид во медицинските досиеја на сите пациенти, што законски претставуваат тајни податоци. На тој начин се прекршува и Европската повелба за правата на пациентите

ДАМОКЛОВ МЕЧ
Влакното на кое е закачен Дамокловиот меч кој виси над Заев додека тој седнува на богатата трпеза на која е сервиран буџетот, може поради безброј причини ненадејно да се скине. Ама, може и да не се скине. И токму во таа опција треба да ги убеди сите свои соработници новиот премиер

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Во овој можеби историски момент, многу е важно да биде објавен писмениот договор што го направил Заев и писмената согласност што ѝ ја дал Груевски на ДУИ. Така би се расчистила тајната што сега ѓоамити ја открива Груевски, тврдејќи дека Заев ја распродава државата

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Така наеднаш, без никаква подготовка, само со еден повик на очајникот Груевски ќе го дигате четвртиот Илинден!? Против кого и за кого? Против своите браќа, сестри и соседи? Зар малку Ви беше што го испоганивте името на ВМРО, па сега сакате да го испоганите и Илинден?

Ана ПАНОВСКА
Заев сега треба да се покаже храбар и одлучен, ама и дебело прониклив во изборот на кадрите. Да не му се потпикне некој сматок како онаа Солза Грчева, пратеничката, исклештена до него на фотографијата на влезот од Собранието пред конституирањето на тогашниот парламент

Д-р Антонио ГЕОРГИЕВ
Во демократијата можно е и да победиш, а да не формираш извршна власт. Но, демократски е и да си ја сфатиш актуелната состојба. Доколку си поразен во демократските преговарачки процеси, нецивилизациски е во поразот да ги повлечеш сите околу тебе, целата партија вклучително и граѓаните

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во септември лани под покровителство на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), владата формира работни групи за имплементација на национален проект за консолидирање на македонскиот безбедносно-разузнавачки систем. Планирала да регулира модел на кастинско функционирање на службите

Рамадан РАМАДАНИ
Изгледаат како дечиња што сакаат да товарат камења со пластични лопати. Секакво ризикување со оставка на Иванов или недавање мандат, само ќе ја оштети лопатата зашто мнозинство може да се состави и без него, а тие ќе ја изгубат една од последните институции кои потполно ја контролираат