1116

by fokus

ВО ПРОЦЕС СМЕ НА ДЕФАКТОРИЗАЦИЈА НА ГРУЕВСКИ
Оној што „му тече низ ногавици“, ако (о)стане лидер на опозиција, ФАКТОРОТ што ја зароби државата, плаче за „дефакторизација на македонскиот народ и редефинирање на државата“! Оној што му го редефинираше идентитетот од словенски во антички, што ги факторизира како народ само неговите верници, се прогласи за браник на националните интереси! Неговите лични интереси – спас од затвор, сега се национален интерес!?

ВМРО-ДПМНЕ ВО КОНТРА-НАПАД
Приклештени во канџите на СЈО, доскорашната врхушка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во никој случај не планира да се предаде, туку задава контра удар. По контра протестите и контра камповите, на опозицијата и сервираат и контра истраги, а по што ќе следуваат и контра обвиненија

БИЗНИС СТРУЕН УДАР
На пазарот со струја влегоа и нови компании, од кои може да се издвојат „Сее Пауер Трејдинг“, која е регистрирана на иста адреса, како и адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“, чиј основач е шура на Иво Котески, како и „У Повер“, основана од Аријанит Џафери, синот на Муса Џафери

ПАСТИРОТ И ШАРЕНИТЕ СЛОНОВИ
Од што ќе нема каде да бекне пастирот, ќе мора кај сороспиите да бара „да ја слушнат и втората страна“. Офтика ме фаќа кога ќе помислам дека „Фокус“ ќе мора да ги отвори страниците за злосторничкото здружение да плаче за нарушените човекови права, за демократија и за медиумски слободи!

РАЈ ЗА НАБАВКИТЕ
„Фокус“ веќе пишуваше за „Метрополитен“, фирма чиј сопственик е извесна Вера Иванова, која стопанисува со центрите за дијализа, бизнис од половина милијарда евра во здравството. За нејзиното име се врзуваат повеќе фирми, а сопственик на една од нив е и офшор-компанија од даночниот рај Дубаи

РАСНО ПРОФИЛИРАЊЕ
Соочени со суровоста на граничните полицајци кои ги малтретираат при излезот од Македонија, десетици Роми се обиделе правдата да ја истераат на суд за ограничување на правото на движење, како и за расно профилирање на граница. Но судот во многу случаи не е заштитник на човековите права

КАРНЕВАЛСКА ПОЛИТИКА
За пропагандистите на режимот има доволно институции за освојување. Некој може да ја окупира институцијата во Демир Хисар, некој да влезе и да не излегува од институцијата во Бардовци, за некого најдобра опција е Шутка, а за најзаслужните и институцијата во Идризово чека да биде освоена

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Јавните настапи на државници во соседните земји, веќе не наидуваат на реакции во македонската јавност. Ние како граѓани на Македонија како да се навикнуваме на ситуација во која сѐ повеќе важни инстанци од соседните држави не нѐ сметаат за сериозна држава што заслужува и малку почит

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во државата постои политичка криза, но таа е само врв на пирамидата на подземниот криминал, извртениот систем на општествените вредности, негативната селекција на кадрите и напредувањето во хиерархијата на власта. А, за жал, столбот, срцевината на тој октопод се токму ДПМНЕ и ДУИ

Ана ПАНОВСКА
Нема да ме зачуди ако вмровците направат тешка свинштина со Ѓоргета, за тој да не му го даде мандатот на Заев. И, откако пратениците ќе решат сами да го проработат парламентот и да изберат влада, Чавков да ја опколи зградата со оние црни борни коли и да не ги пушти пратениците да влезат во Собранието

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Бегството на граѓаните од татковината е системска операција на власта за  решавање на социјалните проблеми, намалување на невработеноста, зголемување на дознаките од иселениците, елиминирање на опонентите на режимот

Рамадан РАМАДАНИ
Македонија, по тоа што ќе ја има и ќе продолжи – ќе биде нечија. Со тоа што на почеток ќе мора да биде најмалку на три партии, дава надеж дека веќе од сега ќе биде повеќе на граѓаните, а помалку на партиите. Тоа е враќање на нормалата – да се врати власта на партиите, а државата на граѓаните