1105

by fokus

ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОБЕДИ СТРАВОТ
Сосема логично за ерава на психопатите ја восприемав реакцијата на груевци дека е криминал што невладините прават напор да ги окуражат административците да пријават уцени. Овие чеда на груевизмот се класични Орвеловски егземплари за кои е нормално да пропагираат дека „слободата е ропство“. Дури ни мудросеријата на пастирот дека Гоце Делчев да бил жив на Заев ќе му го прател Ќосето да го среди, не ми беше „сапрајс“. А кого ли ќе испратеше Гоце да се справи со Никола Младенов!? За пастирот имам индиции, ама за Гоце сум во дилема!

ШТО ЌЕ ОДЛУЧИ В НЕДЕЛА?
Смрзнат од можноста да ги загуби изборите, Груевски мантра дека СДСМ само на нечесен начин, во договор со албанското подземје може да освои повеќе гласови од ДПМНЕ. Со тоа уште сега си обезбедува алиби да не признае изборен пораз. Неговиот изворен страв е да не доживее дебакл со гласовите од Македонците!

БАРОКНИ ДИВОГРАДБИ
Предистражна постапка за градбите од проектот „Скопје 2014“ отвори СЈО, од каде што се очекува наскоро да покренат и обвинение. Додека се крчка обвинителниот акт, сведочење за „Фокус“ отвара сомнеж за нови незаконитости, според кои дел од барокните згради во Скопје се дивоградби

ЛУКРАТИВНО ПРИСЛУШУВАЊЕ
Тајната полиција го користела прислушувањето за остварување политички профит на владејачката партија. Политичките конкуренти Фамилијата ги уценувала со компромитирачки разговори, а компаниите прво ги обезвреднувала, а потоа ги преземала. Лесно ги саботирала и новинарите уценувајќи ги нивните извори

ЛЕКАРИ ВО ФАМИЛИЈАРНА МИСИЈА
Македонското здравство се симна дотаму што директорите на клиниките, наместо да обезбедуваат услови за лекување на пациентите, станаа главни перјаници на владејачката пропаганда за двојазичност и федерализација

ЗДРАВСТВОТО ВО КАНЏИТЕ НА БИРОКРАТИЈАТА
Како може здравствениот систем да стигне до национална стратегија за борба против тешките болести, како што е ракот? Да дефинира документ кој прецизно ќе направи пресек на превенцијата, болеста и смртноста за да може да дејствува? Но, Македонија низ годините не направи регистар на болести, особено на малигните заболувања, за да може поедноставно да изгради стратегиски план за битка против болестите

ДЕФАНЗИВНИ КАМПАЊИ
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ може да бидат поразени и нивните лидери да ги снема од политичката сцена. Ама обичните вмровци и сдсмовци нема да ги снема. Па, затоа, не треба да се гледа 11 декември како денот со кој сѐ ќе заврши, било режимот, било борбата против режимот

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Секој граѓанин треба да биде свесен дека патот до преобразбата на државата во просперитетно и богато општество реално е далеку, но важно е што сонцето на слободата ќе изгрее и ќе можеме да зачекориме по тој пат со порака: ова зло никогаш повеќе да не се повтори

Ана ПАНОВСКА
Цел тим со последни сили и натаму работи за спас на диктаторот, го одржува во возна состојба и го храни со наштиманите билтени за интензитетот на стравот и покорноста кај населението што забрзано и незадржливо се топат. Од тоа се плаши Груевски! Од моментот кога народот престанува да му се плаши!

Гордана ПОПСИМОНОВА
Груевски задутре ќе биде ничкосан. Никогаш не сум била посигурна во тоа, бидејќи две години акумулираното незадоволство, гнев и револт од мафиотската орда, ќе се канализира на единствениот природен, логичен и вообичаен начин. Со гласање против злото

Александар ТОРТЕВСКИ
Доколку после сите „бомби“ на опозицијата, после Тамара и Мартин Нешковски, Никола Младенов, македонскиот народ и понатаму одлучи дека треба да му биде слуга на човекот кој во 21 век на политичките опоненти им се заканува со Ќосето кољачот, тогаш јас едноставно сум „диво месо“ и треба да се симнам од јавната сцена