1103

by fokus

ШТО Е „БОМБАТА“ НА ЗАЕВ ЗА ДУЕЛОТ СО ГРУЕВСКИ!?
Ме заинтригира повикот на Заев до Груевски за ТВ-дуел. Особено кога објасни „за да го прашам тоа што не беше чесно да го вадам во проектот Вистината за Македонија“! Уф, ќе пукнам што е тоа што не било чесно да го вади со бомбите, а е чесно во сурат да му го каже! Значи, го слушал тоа од снимките, го имаат и во СЈО, ама можеби не е за криминал, туку нешто лично, нечесно, а РЕАЛНО!?

„ТАРГЕТ“ НА СЈО
По речиси две години од откривањето на аферата со прислушувањето, почнува да се докажува кој и зошто прислушувал илјадници политичари, новинари и бизнисмени. Според СЈО, на Сашо Мијалков и Горан Грујевски од УБК кои наредувале прислушување им се заканува по 5 години затвор

ДУИ ПРВА ЌЕ МУ СВРТИ ГРБ НА ВМРО-ДПМНЕ КОГА ЌЕ ВИДИ ДЕКА ГРУЕВСКИ НЕ МОЖЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА!
Професорот на Штуловиот универзитет и член на МАНУ, Абдулменаф Беџети, во интервју за „Фокус“вели дека поддржува политички промени, кои, според него, ќе ги обезбеди албанскиот фактор доколку на претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ освојат приближен број гласови

ХРАБРА ПРОГНОЗА
Можеби изгледа премногу храбро да се прогнозира оти народот на 11 декември ќе му даде црвен картон на Груевски. Но фер анализата ме доведува до предвидување дека режимот ќе падне. Дека граѓаните масовно ќе го делегитимираат. И дека потоа ќе почне правната разрешница на кризата

ОАЗА ЗА ФАМИЛИЈАТА
Луѓето од доверба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од доаѓањето на власт во 2006 година, се закотвиле на добри работни позиции. Во меѓувреме, тие истовремено вршат уште неколку други функции, како членови на управни и надзорни одбори во разни институции и примаат по шест-седум плати

ИЗБОРИТЕ КАКО РЕФЕРЕНДУМ?
На околу 500 илјади луѓе кои обично не излегуваат на гласање, џабе ќе им зборите да гласаат референдумски против фашизмот, диктатурата, режимот или против предавниците, соросоидите и двојазичноста. Нив тоа не ги пали. Ама да гласаат за подобар живот, е тоа е веќе друга приказна

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Основен „таргет“ на НГ и Фамилијата, при организацијата и контролата на работењето на судовите и обвинителството, било на клучните позиции да бидат поставувани луѓе од доверба, кои беспоговорно ќе ги извршуваат нарачките што ќе им бидат кажани

Гордана ПОПСИМОНОВА
Лично, јас, со име и презиме, силно сум фрустрирана, затоа што треба рамноправно и демократски да се надгласувам со сопствениот окупатор, како и со неговите слуги и измеќари. Со окупатор не се оди на избори. Тој се ништи и се елиминира, а тоа што ќе остане од него, се суди. Без милост

Рамадан РАМАДАНИ
ДПМНЕ и ДУИ, немајќи како да избегаат од суровата и мизерна реалност за која се директно одговорни, решија пак да полетaат во виртуeлност. При секое извикување на едните: УЧК, УЧК, и на другите: ВМРО, ВМРО, првиот извик како одговор доаѓа: СЈО, СЈО!

Александар ТОРТЕВСКИ
Тимот на Грујо навистина изгледа застрашувачки. Покрај него, политичкиот Меси, во неговиот тим се и неверојатно добро вкомпонираните млади, перспективни и реформаторски настроени Амди Бајрам, Љубисав Иванов Ѕинго и Слободан Угриновски од Сојузот на здрави Титови сили