1102

by fokus

ДЕНОВИ НА СУДСКИ СТРИПТИЗ
Го сметам како „питање части“, Катица и тимот пред изборите да излезат со сите наоди од прислушувањето. Тоа беше и поводот за да се роди СЈО. Не е зијан да проверат и дали Партијата, евентуално, можеби има „прајват“ прислушни уреди. И нека не се „тревожат“, колку и да им се силни доказите, сепак експертутките и куртоните на пастирот тоа ќе го поплукаат. Разбира се, тука им е и реалити ѕвездата В.П. на припомош. И Уставниот суд, разбира се!

БИЗНИСМЕНОТ СЕ ВРАЌА ВО ПОЛИТИКАТА
Иако кандидатурата на Борис Змејковски изгледа логична зашто на тој начин Груевски сака да покаже дека и во ДПМНЕ има стари вмровци, таа е сепак изненадување зашто тој пред десетина години се повлече од високата политика и му се посвети на бизнисот во кој врти милионски суми

СУДИИТЕ ОДРАБОТУВААТ ЗА ВЛАСТА ПОРАДИ ПРИВИЛЕГИИТЕ ШТО ГИ ДОБИЛЕ!
Пензионираниот судија и поранешен претседател на Врховниот суд, Дане Илиев, кој мина 40 години во судството, за Фокус говори за потресите во третата власт. Според него, правдата била подостижна во минатото, а денес судството го оценува како крајно зависно од извршната власт и преполно со луѓе на кои таму воопшто не им е местото

ИЗВЕШТАЈОТ ОД ЕК КАКО ОТЧЕТ
По осми пат Брисел ја одложи препораката за почеток на преговори за членство на Македонија. Тоа е црното дереџе на кое власта ја доведе земјата. Туку, во секое зло има нешто добро. Кампањата почнува, а Груевски и Ахмети треба да подготват отчет за сработеното. Извештајот од ЕК нека им биде отчет

СИЛАТА НА КАНДИДАТИТЕ
Жестоката расправа за кандидатите на опозицијата ја губи од вид големата слика за овие избори дека сега е важно граѓаните да го срушат режимот, одговарајќи на просто референдумско прашање – за или против мафијата. Ако граѓаните ја изгласаат мафијата, каква врска со тоа имаат кандидатите?!

АФЕРА „НЕДЕЉКОВИЌ“
Контролори од Бирото за метрологија се сопственици на бензиска пумпа со газда на фирмата „Недељковиќ“ која ги баждари бензиските пумпи. Конфликтот на интереси е очигледен, а ако се има предвид дека пумпите може да се наштелуваат да крадат бензин од граѓаните, тогаш работата е зрела за Јавното обвинителство

МИНИСТЕР КОЈ ШТЕДИ НА ЗДРАВЈЕТО
Тодоров постојано го намалува буџетот за набавка на инсулин, па така, годинава Министерството заштедило 6,5 милиони евра. Но, сето тоа е на сметка на здравјето на пациентите болни од дијабетес, кои добиваат неквалитетни инсулини и молат Бога да преживеат

УМЕТНОСТА НА ЗДЕЛКАТА
Трамп држеше по три-четири митинзи секој ден низ САД, а ноќе твиташе до рани зори. Спиеше во приватниот авион додека леташе од еден митинг до друг. И победи. Кој од нашиве политичари ќе влезе со полн елан во трката и ќе го одржи до крај? Можеби токму тој што ќе ги следи советите на Трамп

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Овие избори се неговиот последен претсмртен политички крик, со оглед дека во сите варијанти на можен политички исход од нив, граѓанинот НГ ќе биде далеку од позициите на власта. Она по што членовите на неговата партија и граѓаните ќе го паметат е само крајната морална беда

Гордана ПОПСИМОНОВА
Можеби работите не се такви какви што сакавме да бидат, можеби личностите не се тие што ги замислувавме и можеби одредени изјави не се рамништето што го очекувавме. Имајте предвид дека за нашиот политички ривал секое наше внатрешно искрење претставува негова петта колона во нашите редови

Ана ПАНОВСКА
Што не си направи, бре, Аргировски „партија на пензионери“ па да си правиш коалиции со кого си сакаш? Ти се осмели Сојузот на здруженијата на пензионери да го закачиш како партија, приврзок на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе мора кривично да одговараш за тешка злоупотреба на функцијата!

Александар ТОРТЕВСКИ
Судиите се побунија за злоупотребата на судот и за приватните војни на Панчевски преку веб страницата на судот против своите колеги. Хистеричната реакција на претседателот го покажува неговиот страв дека прашање на време е кога колегите ќе смогнат сила да проговорат за многу поголеми злоупотреби