Велешанец (58) пронајден мртов на земјен пат кај село Бусилци

by irena 13:34
13:34

МВР информира дека во Полициското одделение – Чашка вчера попладне било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, во Општина Чашка, било пронајдено тело на починато машко лице.

По преземени мерки било утврдено дека се работи за 58 годишниот Ѓ.Ѓ. од Велес.

Полицијата извршила увид и, како што информираат од МВР, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои настапила смртта.

Слични вести