Васев и Нухи негираат вина за несовено работење и финансиски криминал на Онкологија

by irena 14:13
14:13

Одбраната на поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, тврди дека обвинението за случајот „Онкологија 2“ за несовесно работење и финансиски криминал против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Првообвинетиот Никола Васев, пред Судот рече дека не се чувствува виновен, дека цел живот 35 години работа на Онкологија и целта секогаш му била да се спасат човечки животи.

-Јас сум директор од 2017 година и имам наследено реверс од директор што јас го имам сменето и кој е потписник на вештачењето против мене во овој случај, а второто економско вештачење е потпишано од втората економска директорка што е разрешена на мое барање поради финансиски злоупотреби. Во обвинението одземени се шест месеци од мојот мандат каде може да се види што точно сум наследил, и како е намален долгот од 35 милиони на 30 илјади. Сакам да се види како успеавме наследените долгови и недостиг на лекови да го решиме со земање наводни реверси, за тоа да ни се земе како наводно сме направиле штета, изјави Васев.

Во однос на наводите од Обвинителството дека ФЗО бил доведен во заблуда, Васев рече дека треба да се види дека онколошките тендери ги правело Министерството за здравство, а Клиниката само го плаќала, укажувајќи дека одложувањето на тендерот од пет месеци во 2020 значело недостиг на лекови и терапија за пациенти.

Бранителот на Васев, адвокат Мартин Митревски, рече дека во текот на постапката пред Судот ќе бидат приложени материјалната докази од кои ако се толкува и применува право во ниту едно од преземените дејствија на обвинението не може да постојат и опстојат постоечките правни квалификации за кои се обвинети.

Нехат Нухи, пред Судот рече дека се чувствувам невин и истото ќе го докаже во постапката.

-Се чувствувам невин и тоа ќе го докажам. Мојата невиност ќе произлезе како од материјалните така и вербалните докази кои ги предлагаме и изведеме, пред се економското материјално вештачење од кое на сите ќе им стане јасно колку пропусти има направено Обвинителството и зошто сите рокови го пробија и нивните Вештачења се неточни, изјави Нухи.

Слични вести