На Мицкоски за „Дрисла“ виновна му е ДУИ, а над 20 години градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ раководат со Град Скопје и општина Гази Баба

by irena 14:08
14:08

Повеќе денови гори депонијата „Дрисла“ близу Скопје а чадот од пожари го гуши половина град.

Претходно, пожари имаше и на претоварната станица „Вардариште“ со што секојдневието во општина Аеродром стана недподносливо.

Денеска, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања прстот за пожарот на Дрисла го впери кон опозициската ДУИ.

„Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи“ рече денеска Мицкоски, додавајќи:

„Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена ќе успееме да го санираме“.

Но во тие децении што денеска ги спомна Мицкоски свесно или несвесно заборави на фактот дека најголем дел од тој период за кој зборуваше, раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2005 па наваму со Град Скопје под чија надлежност е Дрисла раководи градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ (со исклучок на 2017-2021 и Петре Шилегов)

Од 1996 (и првите локални избори во независна Македонија) со Гази Баба раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ (освен периодот 2017-2021 и Борис Георгиевски од СДСМ)

Сите овие кадри на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Коце Трајановски кој беше и градоначалник на Гази Баба и на Скопје во два наврати сносат огромен дел од одговорноста за тоа што не воделе сметка како што вели премиерот.

И додека граѓаните очекуваат брзи и ефикасни решенија од сите институции, првенствено од Владата, премиерот апелира на трпение, а одговорноста ја гледа насекаде освен во својот двор.

Слични вести