Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1 октомври 2026 година), без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини поради реализација на инвестициски зафати и технички активности во мрежата.
Гази Баба (07:55 – 10:05 часот): Поради зафати во ТС Гази Баба 1, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Авраам Писевски“, „Ордан Чопела“, „Челопек“, „Бис 159“, „Петре Ѓеоргиев“ и дел од „Менделеева“. Исто така, во истиот опфат, од 10:15 до 12:25 часот, поради активности во ТС Гази Баба 6, прекин е најавен за улиците „Челопек“, „Петар ЃЕоргиев“, „159 Бис“ и „Ордан Чопела“.
Аеродром (08:00 – 14:30 часот): Без напојување ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „12-та Македонска бригада“, „Аурора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“.
Бутел / Визбегово (09:00 – 13:00 часот): Поради приклучок на нов нисконапонски кабел во ТС Стенковец 3, прекин ќе имаат корисниците од дел од улица 1 во Визбегово, улица „Камени мост“ и дел од објектите во околината на фирмите во Визбегово, како и на улицата 8 во Стајковци во истиот временски интервал од 09:00 до 13:00 часот.
Центар (12:00 – 14:00 часот): Без струја ќе остане дел од корисниците на улицата „Св. Кирил и Методиј“.