1
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако вдишало чад при пожар што избувнал во стан во Скопје.
„На 29.09.2026 во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Воденска’ во Скопје настанал пожар во стан. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.