Утре делови од Скопје без струја и вода: прекини во неколку скопски населби

by jadranka 22:50
22:50

Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштуваат дека без струја ќе бидат дел од жителите на населбата Волково, односно корисниците на улицата „95“. Прекинот е најавен во периодот од 09:00 до 14:00 часот и е поради зафати во електросистемот, со цел подобрување на квалитетот на мрежата.

Покрај тоа, од ЈП „Водовод и канализација“ информираат за два одвоени прекини во водоснабдувањето.

Во општина Аеродром, поради поврзување на стара со нова водоводна мрежа на улицата „Божидар Рајковиќ“, без вода од 09:00 часот ќе останат корисниците од истата улица, како и дел од населбата Горно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Во општина Центар, пак, поради дефект на водоводна цевка на улицата „Партеније Зографски“, без вода ќе остане дел од корисниците на оваа улица, исто така од 09:00 часот до санирање на дефектот.

Слични вести