Утковски реагира на критиките од Кривичен: Затвор Скопје постапува согласно своите можности и капацитети

by irena 15:43
15:43

Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска полиција, КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, вели директорот на затворот Бобан Утковски, по реакцијата од Основниот кривичен суд Скопје за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица.

Утковски информира дека на 18 август биле планирани 12 спроводи, од кои биле реализирани 8, а на 19 август од планирани 19 биле реализирани 16.

-Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска Полиција КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети со оглед на тоа што Затвор Скопје врши спровод на притворени и осудени лица покрај Основниот Кривичен Суд Скопје до сите судови и обвинителства низ територијата на целата држава и тоа Гостивар, Тетово, Кичево, Куманово, Велес, Штип, Битола, Охрид, Кочани, наведува тој во соопштението.

Претходно, Кривичниот суд преку соопштение изрази сериозна загриженост поради одложување на речиси сите притворски предмети во изминатите два дена, иако странките биле навремено повикани. Судот посочи дека меѓу одложените расправи има предмети од Одделот за организиран криминал и корупција, за кои течат рокови и бара итно постапување.

Слични вести