165
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се надева оти неговиот руски колега ќе продолжи по патот кон завршување на војната во Украина, но призна дека Владимир Путин можеби нема да сака да склучи договор.
-Искрено, не мислам дека ќе има проблем. Мислам дека Путин е уморен од тоа. Мислам дека сите се уморни, но никогаш не се знае, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
„Ќе дознаеме во следните две недели (што мисли претседателот Путин). Можеби не сака да склучи договор, рече американскиот претседател, додавајќи дека ако тоа се случи, неговиот руски колега ќе се најде во „тешка ситуација“.