Ученик со нож уби наставничка во Русија

by irena 10:54
10:54

Во градот Добрјанка во Пермската област во Русија денеска, 17-годишен ученик со нож избоде наставничка. Таа им подлегна на повредите.
Инцидентот се случил утрово во 8 часот по локално време, на улицата во близина на влезот во училиштето, јавува ТАСС.

Жртвата била наставничка по руски јазик и литература, која била и класна наставничка на напаѓачот.

Наставничката била хоспитализирана во исклучително тешка состојба и не било можно да ѝ се спаси животот. Напаѓачот е во деветто одделение, а наводно повторувал неколку одделенија.

ТАСС додава дека ученикот и наставничката биле во долготраен конфликт.

Напаѓачот моментно е во полициски притвор.

Слични вести