167
Ученик е повреден со остар предмет во основно училиште во скопското село Арачиново, во тепачка со негов соученик, соопшти полицијата.
Повреденото дете, чијашто возраст МВР не ја открива, бил пренесен на лекување во болницата „Св. Наум Охридски“.
Нема информации ниту за точните околности под кои дошло до крвавата пресметка, ниту пак за тоа колку се сериозни повредите на ученикот.