Иран не им наплаќа на руските бродови за да поминат низ Ормускиот Теснец

by vlatko 19:02
19:02

Техеран направи исклучоци за одредени земји, меѓу кои и Русија, во однос на наплатата за премин низ Ормускиот Теснец, изјави денеска иранскиот амбасадор во Москва.

Казем Џалали изјави дека Иран се обидува да примени исклучоци за „пријателски земји, како што е Русија“.

– Не знам што ќе се случи во иднина. Сепак, нашето Министерство за надворешни работи моментално се обидува да воведе вакви исклучоци за пријателски земји, како Русија – рече тој.

Техеран претходно ја заостри контролата врз најважната светска маршрута за транспорт на нафта, наредувајќи им на бродовите однапред да договорат плаќање со Иранската револуционерна гарда и да плаќаат во криптовалути или во кинески јуани.

Иран потоа соопшти дека почнал да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ овој стратешки морски коридор.

Слични вести