Уапсен уште еден осомничен за убиствата во Ѓорче Петров

by irena 23:20
23:20

Уште едно лице осомничено за убиствата во скопската населба Ѓорче Петров е уапсено вечерва.

Ова е трето приведување во врска со двата случаи.

Во период од пет дена, во Ѓорче Петров беа пронајдени телата на 62-годишен маж и 76-годишна жена, кај кои имало видливи траги на насилство.

Телото на жената било пронајдено утрово во семејна куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“, откако нејзината ќерка го пријавила случајот во полиција. Претходниот случај бил пријавен на 22 октомври.

Засега се очекуваат официјални информации од надлежните институции за приведувањата, основите на сомнежот и евентуалната улога на осомничените во двата случаи.

Слични вести