2
Вчера во Радовиш полицајци уапсиле 16-годишно момче од градот, кое е пријавено дека физички ја нападнало мајка си, соопшти МВР.
„На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.