Уапсен наркодилерот Цуната, по филмското бегство од полициска станица и потерницата

by irena 09:08
09:08

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров – Цуна вчеравечер е лишен од слобода во Скопје, потврдуваат од МВР.

– На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, соопштија утрово од полицијата.

Лазаров ред неколку дена им избега на полицајците од полициската станица во Кочани преку прозорец, а во понеделникот МВР по него распиша меѓународна потерница.

Лазаров, кој на полицијата ѝ е познат од порано, бил во полициската станица вечерта во саботата откако го привеле заедно со двајца придружници, поради тоа што, неофицијално полицијата во автомобилот им нашла бела прашкаста материја.

Слични вести