85
Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“.
Несреќата предизвикала голем застој и долги колони возила на автопатот.
Бил извршен увид, по што ќе се утврдат причините за судирот.