134
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т.(62) од селото Макреш, откако во својот кокошарник усмртил куче со тврд предмет.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 мај околу 23:00 часот.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.