Уапсен е скопјанец (36) кој уценувал 29 годишна девојка дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии

by irena 12:43
12:43

МВР информира дека вчера претпладне во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(36) од Скопје.

Тој заврши во полициска станица по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот и се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му дала пари и немала сексуален однос со него.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести