Уапсен е битолчанец – возел над „стотка“ на место каде е дозволено 50 км/ч

by irena 12:25
12:25

МВР информира дека вчера попладне во 17:09 часот на ул. „Крушевска Република“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(71) од Битола.

При радарска контрола, полициските службеници утврдиле дека тој управувајќи патничко возило „голф” со германски регистарски ознаки се движел со брзина од 105 км/ч на место каде дозволено е 50 км/ч.

По документирање на настанот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“ согласно член 297-а од КЗ.

Слични вести