Уапсен е 47 годишник во струшко – кај него е пронајдена бела прашкаста материја

by irena 10:31
10:31

Во струшкото село Франгово уапсен е 47 годишник затоа што при претрес на просториите што ги користел пронашла бела прашкаста материја.

Дополнителна количина од истата материја била откриена и при личен преглед на осомничениот.

Акцијата била спроведена на 19 ноември од страна на полициски службеници од ОВР Струга, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, а со судска наредба од Основниот суд во Струга.

Пронајдената материја била одземена и ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести