Уапсен 43-годишник од Кочани – крадел по куќи

by irena 11:08
11:08

Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С.(43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот, соопшти МВР.

По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривичните дела.

По целосно документирање на случаите, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични вести