Уапсен 26-годишен крадец од Куманово кој ограби седум возила

by irena 17:19
17:19

Лишен од слобода крадец во Куманово, кој во изминатиот период ограбил седум автомобили во градот.

Како што информираат од МВР, вчера (18.01.2026) во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(26) од Куманово.

Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

Слични вести